Вести Македонија

Вучиќ со остра критика на Шеќеринска, СДСМ со осуда за неговиот настап

На маргините на минхенската безбедосна конференција, српскиот претседател Вучиќ ја криткуваше заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска за нејзините критики на одредени сецесионистички изјави и одлуки кои тој ги поврзува со Република Српска.

 На изјавaта на Вучиќ за Шекеринска, со осуда реагираше СДСМ.

Во пораката „оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија“, социјладемократите препознаа мизогинија. Велат дека српскиот претседател го нагласил нејзиниот пол на понижувачки начин и ја обвинил дека има врска со сецесијата на 14% од територијата на Србија, мислејќи на Косово.

„Ова е класичен пример за стилот на Вучиќ – навреди наместо аргументи, што открива длабоко вкоренет шовинизам и понижување на жените. Таквиот однос кон жените не е само личен манир на Вучиќ, туку претставува системски проблем во политичките кругови каде жените на високи позиции често се таргетираат врз основа на нивниот пол, со што се девалвираат нивните професионални достигнувања и придонеси“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Во неа се нагласува и дека СДСМ недвосмислено ја поддржува Радмила Шекеринска, која нема никаква врска со обвинувањата за сецесионизам и која секогаш се залагала за дијалог и стабилност на Западен Балкан. Нејзината улога во НАТО е доказ за силата и компетентноста на жените во меѓународната политика, а ваквите напади ги гледаме како обид за минимизирање на таквите успеси, потенцираат социјалемократите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе