Двајца припадници на Црвениот Крст низ надојдената вода висока над еден метар, изнесуваат маж за време на евакуацијата на најпогоденк делови од градот. Видеото е споделено на профилите на Црвен Крст.
Досега се евакуирани околу 230 лица кои се привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Во моментов се обезбедуваат душеци, кревети, ќебиња, храна и топли оброци, вода за пиење и средства за одржување на лична и колективна хигиена.
Црвениот крст останува посветен на обезбедување хуманитарна помош и психосоцијална поддршка за сите погодени семејства, со апел за солидарност и поддршка од заедницата во овие тешки моменти.
View this post on Instagram
