Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални бил убиен со отров развиен од жаба, соопштија извори од Обединетото Кралство и европските сојузници.
Две години по смртта на Навални во казнена колонија во Сибир, Велика Британија и сојузниците ги обвинија властите во Кремљ по анализата која ја извршиле на примероци најдени на неговото тело.
Зборувајќи од безбедносната конференција во Минхен, секретарот за надворешни работи на О.К, Ивет Купер, изјави дека „единствено руската владата ги поседувала средствата, мотивот и можноста“ да го користи отровот кога Навални бил затворен во Русија.
Според руската новинска агенција Тас, официјална Москва ги отфрлила овие обвинувања како „информациска кампања“, но според Купер нема никакво друго објаснување за тоа како бил најден отровот наречен епибатидин.
Овој отров во природата може да се најде во еден вид жаби кој може да се најдат во дивината во Јужна Америка. Истите жаби, доколку се чуваат во затворен простор не го создаваат отровот а тој и не може да се најде природно во Русија.
