46 годишпен Македонски државјанин е уапсен во белградската населба Вождовац поради сомнеж дека ја запалил пицеријата каде што работел.
Според информациите на локалните медиумитој неодамна добил отказ. Инцидентот се случил на 10 февруари, а мотивот бил одмазда кон поранешните работодавци.
По подметнувањето на пожарот, осомничениот им испратил снимки на сопствениците, што се квалификува како директна закана за безбедноста.
Брзата реакција на вработените спречила пожарот да се прошири и да предизвика поголема штета или човечки жртви.
Осомничениот се соочува со обвинение за предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста, објави Телеграф.рс.
Истражните органи ќе ги испитаат сите видеа и пораки испратени на сопствениците, кои ќе послужат како клучен доказ.
