Предложивме нов закон за заштита од пушење, затоа што имаме голем јавно здравствен проблем во моментот, се соочуваме со рекордно висока преваленца на пушење, речиси секој втор возрасен во државата пуши, истакна Никола Грпчевски, државен советник во министерството за здравство, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Тоа е двојно повисока стапка од Европа. Трендот кај младите е исклучително висок и застрашувачки. Ќе потсетам дека пушењето е водечка причина за прерана смрт и за хронични болести. Економскиот товар што го носиме како држава и го плаќаме поради таа висока стаока на пушење е, исто така, превисок“, посочи Грпчевски.
Според него, новиот зкаон има три главни цели.
„Првата е да спречиме нови генерации пушачи, со други зборови да спречиме секој млад човек да почне да пуши. Втората, и не помалку важна, е да спречиме изложување на чад и аеросоли во јавни и работни затворени простории. И третата е да го спречиме нормализирањето на никотинот“, посочи Грпчевски.
Додадека дека законот е изработен согласно актуелните европски препораки и стандарди и произлегува од обврските кои што ги имаме преземено како држава потписнилка на Рамковната конвенција за контрола на тутунот. Очекувањата од законот се намалување на стапката на пушење и последиците кои произлегуваат од пушењето.
С.Д.
