Вести Свет

Десетици трактори пред грчкиот Парламент – земјоделците со порака дека нивната битка продолжува

Порака дека нема да отстапат од нивните барања за кои велат дека сè уште не се решени, испратија земјоделците од цела Грција преку протестот попладнево на плоштадот Синтагма во Атина, каде што стигнаа со десетици трактори кои до утре наутро ќе останат паркирани пред Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

Процените се дека околу 50 трактори се пред грчкиот Парламент, а ни дождот не ги обесхрабри да продолжат со протестот. Земјоделците велат дека се разочарани и од владината политика и од владините мерки, дека не се исполнети нивните барања, дека владата не сфатила дека потребни се решенија за примарниот сектор, но и истакнуваат дека обединети ќе продолжиме со нивната борба.

Земјоделците од островот Крит беа првите кои утрово стигнаа во Атина со траект, додека пак оние од северна Грција, но и од Пелопонез пристигнаа организирано со автомобили и автобуси.

Трактори дојдоа од централна Грција, од градовите Кардица, Трикала и Лариса, како и од Евија.

Земјоделците, кои вкупно 55 дена, во декември и јануари беа на патиштата и граничните премини со поставени блокади, а минатиот месец се сретнаа со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку протестот сакаат уште еднаш да ги истакнат нивните барања, за кои сметаат дека не се решени.

Сличен протест земјоделците одржаа и во 2024 година, кон крајот на февруари кога со над 150 трактори пристигнаа во Атина, во текот на ноќта останаа пред Парламентот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе