Aмериканскиот министер за енергетика Kрис Rајт и вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, посетија нафтено поле во источната држава Монагас, по состанокот еден ден претходно.
Владата на Родригез очекува промените во законот за нафта во земјата да послужат како гаранција за големите американски нафтени компании кои досега се двоумеа дали да се вратат во нестабилната земја.
Новиот закон сега им дава на приватните компании контрола врз производството и продажбата на нафта, со што се става крај на монополот, како и врз одредувањето на цените.
За време на состанокот, тие најавија соработка фокусирана на нафтата и енергијата, како и напори за решавање на разликите меѓу земјите преку дипломатија.
