Вести Македонија

Обвинети три физички и едно правно лице по истрагата за отпадот во Визбегово

Против три физички и едно правно лице за кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 од Кривичниот законик, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената истражна постапка, поднесе обвинение.

Како што информира Јавното обвинителство, обвинетите, од 28 февруари 2025 до 9 јули 2025 година, незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад што содржи супстанции што имаат својство на експлозивност, запаливост, надразливост, токсичност, канцерогеност и екотоксичност на катастарска парцела во Визбегово на која за тоа немале соодветна дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање.

На 9 јули 2025 година на локацијата избувнал пожар, кој, поради обемот и опасноста, не можел да се стави под контрола, при што согорел дел од непрописно складираниот отпад. Тоа предизвикало масовно испуштање црн чад и значително загадување на воздухот, потврдено со мерењата на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана при АРМ. Крајната последица од незаконитите дејства на обвинетите е и предизвиканата потенцијална опасност за животот и здравјето на луѓето.

– Со истрагата е утврдена одговорност кај една сопственичка и управителка на обвинетото правно лице, која заеднички и со умисла заедно со второобвинетиот, кој учествувал со особен придонес во работата на правното лице, ги презела незаконитите дејства. Обвинение за дејства од чл. 230 ст. 6 е поднесено и против уште една сопственичка на друштвото и на парцелата, која не била свесна за можноста од настапување штетна последица, иако според околностите на случајот и своето лично својство била должна и можела да биде свесна за таа можност – се наведува во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе