Без напредок во борбата против корупцијата во Македонија констатира последниот глобален извештај на Транспаренси. Отсуство на политичка волја, немање капацитети или двете.
Зошто со години тапкаме во место? Кои се жариштата и изворите на корупција?
Во Топ Тема дебата со Благоја Пандовски, претседател на „Транспаренси Интернешнл-Македонија“ и Горан Трпеноски, поранешен антикорупционер.
Пандовски вели дека генереланиот тренд на тоа како државите се справуваат со корупцијата е дека паѓа глобалното ниво на демократија, „паѓа транспарентноста, отчетноста, казнивоста. Развиени демократии како САД, скандинавските земји се соочуваат со определена хипокризија под нивото на 50 поени“, рече тој.
- Ние сме во рамки на просекот. Немаме значително подобрување имаме константа, а тоа значи можност, односно годинава треба да работиме да го подобриме она што значи борбата против корупцијата, истакна Пандовски.
Според Трпеноски кај нас зависи кој го чита извештајот дали власта или опозицијата. Тој се осврна на споредбите со Буркина фасо која е сиромашна земја но таму малку е подигнато нивото на борба против корупцијата.
- Новата влада најави реформска агенда, формираше национално тело за борба против корупцијата, потребни се нови истражители и ефикасност на институциите. Според мене тоа е привидна борба за да се бајпасира ДКСК бидејќи ние не бевме под контрола на власта, а сега ќе постои и ова тело, рече Трпеновски.
Б.С.
