СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања. Од опозициската партија наведуваат дека молкот за тоа како завршиле пет тони марихуана во Србија не е случајност, туку индикатор дека скандалот води кон врвот на власта и некој се обидува да го заташка.
Од владеачката партија возвраќаат дека владата на СДСМ во 2020 година планирала целосно легализирање на марихуаната, а доказ за тоа е и дозволата да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува нормите, а со тоа, маслото не може да се најде во промет.
