Вести Свет

Абас со порака со САД и меѓународната заедница: Реагирајте решително на мерките на Израел за Западниот брег

Палестинскиот претседател Махмуд Абас упати апел до САД и меѓународната заедница „решително да реагираат“ на одлуката на Израел за поголема контрола над Западен Брег.

„Таквите сериозни прекршувања бараат решителен одговор од американската администрација и меѓународната заедница, бидејќи тие ги попречуваат напорите на претседателот (Доналд) Трамп и претставуваат кршење на меѓународното право“, истакна Абас на заедничката прес-конференција со норвешкиот премиер Јунас Гар Сторе во Осло.

Израелскиот кабинет за безбедност на 8 февруари одобри мерки што му овозможуваат на Израел да ја прошири својата контрола врз областите што ги администрира Палестинската самоуправа според договорите од Осло од 90-тите години од минатиот век. Новите мерки го олеснуваат купувањето земјиште на еврејските доселеници, поништувајќи го законот што со децении им забрануваше на Евреите директно да купуваат земјиште на Западниот Брег, окупиран од Израел од 1967 година.

Тие, исто така, му дозволуваат на Израел да управува со одредени места за богослужба, дури и ако тие се наоѓаат во области под контрола на Палестинската самоуправа. Покрај Источен Ерусалим, кој е окупиран и анектиран од Израел, на Западниот Брег живеат речиси три милиони Палестинци, заедно со уште 500.000 еврејски доселеници кои се населиле во населби кои се сметаат за нелегални според меѓународното право.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе