Вести Македонија Топ вести

Вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис, одлучи Владата

Ќе се спроведуваат вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис, одлучи Владата на денешната седница.

  • Владата ги задолжи институциите во рамки на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на државата и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата, соопшти владиниот портпарол, Венера Азизи.

Владата, исто така, ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги.

  • Од 2017 година, откако е формирана, комисијата воопшто не била активна и нема резултат. За таа цел, Владата во иднина ќе бара редовни извештаи, нагласува Азизи.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Попладнево активни се три пожари во државата

Дејан Дејан

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за двегодишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Има уште многу работа во МВР, министерот Тошковски на прашањето дали е сигурен или ќе менува ресор во реконструкцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе