Вести Македонија Најважни

Пешевски: Пратениците да се одважат, да изгласаат 600 евра минимална плата, ако сакаат да си обезбедат уште мандат

Патните трошоци на пратениците, поделени на месечно ниво, се поголеми од минималната плата на еден работник, особено во приватен сектор. Ќе продолжиме да ги блокираме и пратениците и министрите и владата и работодавачите и сите оние кои се виновни што низ годините го донесоа македонскиот работник на дното, рече Иван Пешевски, потпретседател на ССМ, претпладнево од блокадата на собранието.

„Тврдиме дека 600 евра треба да биде една загарантирана сума под која не смее еден работник да ја добие на месечно ниво, како би можел да го преживее месецот. Видовме дека животот за две години е поскап за 9.000 денари, тоа го покажуваат цените кои секојдневно ги бркаме и мериме по маркетите. Само за една година е зголемен трошокот за живот на едно семејство за 6.000 денари и затпа бараме итно и неодложно да се стави точката на дневен ред, да се изгласа 600 евра минимална плата и зголемување на сите плати за 100 евра. Онаму каде што имаме колективни договори да се почитуваат, бидејќи народните избраници. министрите, директорите, градоначалниците треба да сфатат дека го уживаат тој лезет и нивната работа е платена од платата на работниците и давачките што ги даваат работниците секој месец“, рече Пешевски.

Тој ги повика пратениците да се одважат, да ја стават точката на дневен ред и да изгласаат ако, како што рече, „сакаат да си обезбедат уште еден мандат“, во спротивно најави секојдневна блокада на улици и институции.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе