Вести ДИРЕКТНО Македонија Топ вести

Ходаи: Ако се донесе новиот закон за високото образование и важи за сите, според Х-индексот на премиерот Мицкоски, тој не би можел да биде професор

Во вечерашната емисија Директно дебатираат министерката Весна Јаневска, професорот Самоил Малчевски, Бленди Ходаи од Форумот за образовни програми и Зорана Антовска научен соработник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје.

Ходаи и министерката Јаневска беа со спротивни ставови во делот на новиот закон во кој се наведуваат и менуваат условите за професори на универзитетите. Тој потенцираше дека структурата на академската заедница од 2024/2025 година е 59% кои се редовни професори со тоа што тие воопшто нема да бидат засегнати од овој закон.

„Половина од редовните професори не ги исполнуваат условите што се наведени во овој нов закон,  тие се исклучени од законските обврски. Ние сметаме дека на овој начин тие се замолчуваат и не зборуваат, бидејќи една недела законот е објавен на системот на ЕНЕР  ниту еден збор од редовен професор, бидејќи сигурно се многу среќни што ќе го добијат звањето редовен професор доживотно, со тоа за некои државата е мајка, а за други е маќеха“, изјави Ходаи. 

На ова министерката Јаневска одговори дека ниеден закон не важи ретроградно.

„Имаат звање и сега доживотни професори, таков бил претходниот и таков е сега и насекаде во свеотот. Менторите ќе се реакредитираат на секои пет години. Ако сака да биде ментор во докторски студии ќе треба да постигне одредедени услови“, изјави министерката Јаневска. 

Ходаи дополнително покажа слики од податоци за Х индексот кој е метрика која го мери и квантитетот (број на трудови) и квалитетот (цитираност) на научната работа на еден истражувач. Тој конкретно го покажа Х индексот на премиерот Мицкоски кој на сликата пишува дека е 2, и дека ако важи законот и за професорите кои се сега, а меѓу нив е и тој, тогаш не би можел да биде професор, а бидејќи нема да важи и ќе се однесува само на новите тогаш тој ќе остане.

„Ако овој закон е усвоен премиерот Мицкоски не може да биде ни доцент заради тоа што Х индексот му е 2. Еве за министерката според  Web of Science ѝ е 7 што значи дека министертка може да биде вонреден професор според научните трудови објавени. Не можеме да очекуваме од идните генерации вакви услови кога нивните професори им предаваат, а не ги исполнува условите. Тоа значи кога се поставуваат промени тие треба да почнат од самите професори“, изјави Ходаи. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)


Министерката рече дека Х индексот на премиерот и нејзиниот не е точен и дека Ходаи треба пак да провери, а дополнително го искара и му посочи дека не во ред така да зборува за претседателот на Владата.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе