Вести Македонија Топ вести

Единаесет осомничени полицајци за Кочани го добија МВР на суд – рочиште на 2-ри март за дел од обвинетите

Министерството за внатрешни работи (МВР) преку одговор до Телма потврди дека ги изгубило судските процеси по граѓанските тужби на 11 полициски службеници кои беа осомничени за пожарот во „Пулс“ во Кочани.

Министерството не ги суспендирало по отварањето на истрагата, туку им го ставило работниот однос во мирување, поради што тие немале ниту плати, ниту социјално и здравствено осигуравање, иако немало ни поднесено обвинение или законски потребната правосилна пресуда. Полицајците тужеле за отштета и го добиле МВР кое, пак, поднело жалба.

„Од страна на седумнаесет (17) лица на кои им мирува работниот однос поради определени мерки на претпазливост поврзани со „Пулс“-Кочани, заведени се судски постапки за поништување на решенија со кои им мирува работниот однос. Во овие судски предмети донесени се единаесет (11) пресуди со кои се усвоени тужбените барања и сите предмети се во постапка по жалба пред Апелационен суд Штип, односно постапките не се правосилно завршени“, одговорија од МВР. 

МВР во одговорот објаснува дека одлуката за мирување на работниот однос била донесена затоа што за полицајците имало изречени мерки на претпазливост меѓу кои и забрана за вршење на работна задача-полициски службеник. Но, наместо да бидат суспендирани, како што беше праксата согласно законите и колективниот договор, МВР им го ставило работниот однос во мирување.

МВР ни одговори дека за 13 осомничени полицајци за „Пулс“ биле поднесени и барања за отстранување од работно место, но МВР во одговорот ни тврди дека тие мерки не може да бидат спроведени поради истрагата. Обвинителството поднесе обвинение против, речиси, сите полицајци кои ја добиле правната битка со МВР.

Тринаесет полицајци се обвинети за тешки дела против општата сигурност, а девет се обвинети за злоупотреба на службена положба, бидејќи не извршиле соодветни контроли за јавниот ред и мир и за сообраќајното паркинг решение пред „Пулс“ кој изгоре лани во март и загинаа 63 главно млади луѓе, а над 210 беа повредени.

Судењето за деветте полицајци, обвинети за злоупотреба, веќе е закажано за 2 март во Скопје иако дел од обвинетите сè уште не го добиле обвинението на увид за можност за жалби по него.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе