Голем успех во спроведувањето на конзервативната агенда по принципот „мир преку сила“, вака американскиот претседател Доналд Трамп денеска и ја честиташе победата на премиерка Санае Такаичи за изборната победа на нејзината партија.
Трамп во објава на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека Такаичи остварила историска победа на вчерашните избори, отворајќи го патот за спроведување на реформите. „Таа е многу почитувана и популарна лидерка“, наведе Трамп. Тој истакна дека народот на Јапонија, кој гласаше со таков ентузијазам, секогаш ќе ја има неговата силна поддршка.
Владејачката Либерално-демократска партија на јапонската премиерка Санае Такаичи обезбеди двотретинско мнозинство на парламентарните избори одржани вчера, јавија јапонските медиуми, повикувајќи се на прелиминарните резултати.
