Вести Свет

Русија го нападна Киев со балистички ракети

Руските сили го нападнаа Киев со балистички ракети, а денеска е издадено предупредување за воздушен напад во голем број области на украинскиот главен град.

Експлозии во главниот град. Киев е нападнат со балистички ракети. Силите за воздушна одбрана реагираат. Ве молиме останете во засолништата, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Шефот на Киевската воена администрација на украинските воздухопловни сили, Тимур Ткаченко, исто така, објави дека „е во тек непријателски напад со балистички ракети“.

Украинските воздухопловни сили објавија дека регистрирале движење на брзи ракети во воздушниот простор над регионот Чернигов, кои се движеле кон регионот Киев, а подоцна и кон главниот град.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Оставка!“ „Ова не е Москва!“ протести во Софија против владата Румен Радев

Дејан Дејан

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе