Вести Македонија Топ вести

Нов член за Судски совет ќе се бира по нов закон, мора прво јавноста да го види, невладините да го испрашуваат

Прв пат ќе се бира член на Судскиот совет кој јавно, слично како и кандидатите за членови на Комисијата за дискриминација ќе се престави пред собраниската комисија. Ова го предвиде новиот закон за Судски совет кој беше донесен на неколку денови пред новата 2026 година.

Во огласот кој е објавен во службен весник пред неколку денови се бара член кој ќе биде од редот на универзитетски професори по право, адвокати, поранешни судии на Уставниот суд, на меѓународни судови и други истакнати правници.

Има неколку услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите а кои се дефинирани со новиот закон.

Да е дипломиран правник со најмалку 15 години работно искуство со правосуден испит или универзитетски професор по право со најмалку седум години работно искуство, да се докажал со научна работа за прашања од правосудството, да се докажал со свое јавно делување во заштита на владеењето на правото, независноста на судството и човековите права, да ужива углед за вршење на функцијата, за што приложува најмалку три препораки од универзитетски професори по право, адвокати, судии на Уставниот суд или на меѓународни судови, се вели во огласот.

За член на советот не може да се кандидра актуелен судија или обвинител, но и некој што бил разрешен од овие функции ниту пак пратеник кој бил на оваа функција во последните 4 години, член на Владата или функциуонер во партија.

Но кон огласот Собранието распишало и повик за избор на членови на работната група која ќе го врши селектирањето на кандидатите. Насочен е кон Здружението на судиите, Адвокатската комора и граѓанскиот сектор од областа на владеење на правото и правосудството.

Од нив ќе се избере по еден преставник во работната група која ќе ја формира Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Инаку собранието на 11 декември не го чекаше новиот закон и со оглас по стариот за местото на Селим Адеми, го предложи Аљбан Кадриу за член на Судскиот совет. Тоа беше предлог на коалицискиот владин партнер Вреди, кој доаѓаше од позиција советник за прекршоци во тетовската полиција. Но после реакциите во јавноста не беше ставен на гласање.

Новиот закон собранието го донесе на крај на годината и клучнита промена беше таа дека прецизно ги дефинира критериумите за тоа кој може да биде „истакнат правник“ и воведе задолжителна јавна расправа при избор на членови кои не се од редот на судиите. Се воведе и јавоност при разрешување на претседател на Советот.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за 2-годишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Има уште многу работа во МВР, министерот Тошковски на прашањето дали е сигурен или ќе менува ресор во реконструкцијата

Дејан Дејан

Дронови и воздухоплови ги бранат шумите од пиромани – доброволните пожарникарски друштва на готовс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе