Вести Свет

Мелони ги осуди „непријателите на Италија“ по судирите во Милано и саботажите на железничката мрежа кај Болоња

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ги осуди демонстрантите против Зимските олимписки игри како „непријатели на Италија“ по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Милано, еден од двата града домаќини на ЗОИ, и наводните саботажи на железничката мрежа во близина на Болоња во централна Италија, објавија британските медиуми.

Инцидентите се случија на првиот ден од натпреварите на Зимските олимписки игри, чиј домаќин е Милано, финансискиот главен град на Италија, заедно со алпскиот град Кортина.

Мелони ги пофали илјадниците Италијанци за кои рече дека работат на обезбедување непречено одвивање на Игрите и ја покажуваат позитивната страна на Италија.

Постојат и оние кои се непријатели на Италија и Италијанците, демонстрираат против Олимписките игри и се грижат овие слики да се емитуваат на телевизиските екрани низ целиот свет. Откако други ги пресекоа железничките кабли за да спречат заминување на возовите, напиша утринава Мелони на Инстаграм.

Уште еднаш, ја изразувам мојата солидарност со полицијата, Милано и сите оние чија работа ќе биде нарушена од овие криминални банди, додаде италијанската премиерка, која ја предводи десничарската коалиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе