Вести Македонија Најважни

Рекордна заплена на марихуана во Струмица

Конвој од камиони и комбиња денеска ја транспортираа запленетета марихуана од Струмица тешка околу 30 тони. Полицијата влезе во две фирми за одгледување на медицинска марихуана во регионот. Полицијата влезе во струмичките фирми, бидејќи се поврзани со скопската „Алфафарм“ од кај тргна истрагата и од каде се запленија претходно речиси 10 тони марихуана.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса, изјави портпаролот на МВР Гоце Андреевски.

Едната од нив  „CBD Medplant“ од Борисово во Ново село. Формирана е во 2018 година, а сопственици се Коље Василев, Христијан Котев, Алекс Гомес, Добринка Кирилиева и СГБ проперти СА.  Инаку Тони Котев таткото на Христијан Котев е поранешен председател на огранокот на СДСМ во Ново Село. Најголемото количество на запленетата марихуана потекнува откму од  „CBD Medplant“.

Фирмата „ЦБД Медплант” во формална сопственост на Христијан Котев, а реална на неговиот татко Тони Котев викан М’гчев, кој е поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и близок по бизнис со Вице Заев и Гидан Колев, во периодот од 30.06.2025 година па се до 11.2025 година, има испорачано 19 тони марихуана према скопската фабрика по документ испорачана количина. Дополнително, утринава од струмичката фирма биле изнесени 21 тон дрога, рече Бране Петрушевски од МВРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ информира и дека фирмата добила одобрение за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година додека на власт е СДСМ.  Од опозициската партија возвратија дека оговорноста е кај врвот на власта и прашуваат зошто нема одговор како 5 тони дрога поминала преку македонската граница?

Без поддршка од структури високо во власта, во МВР, во Царина, во други институции, не може да се шверцуваат тони и тони дрога. Поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија е сега пред очите на јавноста и наскоро сè ќе биде јасно.  Ако се запленети 40 тони или повеќе, и тоа нелегално произведена марихуана, тогаш повторно вината е кај власта.  Кој дозволил нелегално да се произведе и да се чува марихуана изминатите 2 години, прашуваат од опозициската партија.

„CBD Medplant“  според бизнис мрежа и во 2023 и 2024 година работела со добивка. Едната година заработила 11 илајади евра, а другата 75 илјади евра.

Акцијата е поврзана со пронајдените 5 тони марихуана во Србија, кои тамошните власти тврдат дека се од земјава. Истрагата треба да даде одговор кој се бил инволвиран во шеврцот на петте тони марихуана, но и што се планирало за овие 40 тони кои беа запленети. Извори за Телма брифираа дека на начинот на кој е продуцирана, складирана и чувана никако не можела да биде за медицински потреби, туку само за на улица, за продажба или шверц.

Станува збор за најголемата заплена на марихуана од независноста на државата.  По завршување на акцијата се очекува со информации да излезат од обвинителството и од МВР.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе