Петте кандидатурите за државен обвинител предпладнево пристигнале во Советот на јавните обвинители, потврди за Телма претседатлеот на Советот Башким Бесими. Дополнително ќе закаже седница на која членовите ќе ги разагледаат кандидатурите и ќе дадат мислење, позитивно или негативно, за секој од нив.
Законскиот рок е 15 дена а потоа владата му предлага на Собранието кандидат кој добил позитивно мислење од Советот.
Кандидати за шеф на Јавното обвинителство се в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ, судијата Ненад Савевски од Кривичниот суд и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчeвски.
