Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека за полагање возачка дозвола е доволно основно образование и дека државата им обезбедува можности на Ромите кои треба да ги искористат.
Таа посочи дека образованието на Ромите се поддржува преку проектот „Деценија на Ромите“ и други посебни иницијативи на Министерството. Јаневска нагласи дека образованието е бесплатно и за возрасни до 25–29 години преку Центарот за образование на возрасните, а со поддршка од странски партнери Ромите можат да добијат образование прилагодено на пазарот на трудот и личните потреби.
Министерката додаде дека МОН ангажира 40-ина ромски медијатори за поголемо вклучување на ромските деца во училиштата, бидејќи често се запишуваат, но не присуствуваат на наставата или ја напуштаат.
