Вести Македонија

Славевски: Проекциите за инфлацијата за оваа година се меѓу 2,5 и 3 проценти

Проекцијата и намерите за инфлацијата оваа година се таа да биде меѓу 2,5 и 3 проценти, рече гувернерот на НБРМ, Трајко Славевски во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Многу е важно нашата стапка на инфалција да биде во рамки на стапката на инфлација во еврозоната, затоа што ние имаме фиксен девизен курс. На некој начин и нашата ценовна стабилност е увезена од она што се случува во Европската Унија и еврозоната заради фиксниот девизен курс. И секое отстапување на нашата инфлација од инфлацијата во еврозоната може да влијае на постепено намалување на конкурентската способност на нашата економија. Ако цените кај нас раст побрзо одошто надвор, курсот останува, мислам номиналниот девизен курс стабилен, тоа е неминовна, да речам, последица“, вели Славевски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДЗР: Приходите од придонеси не ги покриваат исплатите на пензии

Дејан Дејан

Конзервативниот коментатор Такер Карслон ги напушта Републиканците

Дејан Дејан

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе