Вести Македонија Најважни

(видео)Комбиња на МВР и на царината, камиони и возила ангажирани во акцијата за проверка на фирмата „Алфафарм“

Полицијата влезе во објектот на „Алфафарм“ за одгледување на марихуана за медицински цели откако започна истрагата која треба да даде одговор дали петте тони дрога кои завршија преку шверц во Србија потекнувале од земјава.

Неколку комбиња на Министерството за внатрешни работи и на царината, камиони и возила беа ангажирани во акцијата за проверка на фирмата во кругот на фабриката Охис која се поврзува со запленетата марихуана во нашиот северен сосед.

А колку тони сега запленија надлежните органи се уште не се знае. Неколку камиони. Неколку комбиња. Се очекува да биде изнесено големо количество на марихуана. Можеби иста количина или поголема од пронајдената во Србија.

Фирмата е формирана во 2023 година, а лиценца за одгледување на марихуана добила во март 2024-тата.

Еден од притворените во Србија е Иван Драгниќ кој е ко-соспствник на фирмата „Алфафарм“ од Скопје, а друг е во бегство.

Министерството за здравство, во координација со Министерството за внатрешни работи, претходно изврши вонредна контрола во фирмата.

Претреси имало и вчера, а во една од фирмите кои одгледуваат марихуана за медицински цели, според информации на Телма се пронајдени неправилности во работењето.

Марихуаната незаконски се одгледувала, складирала, чувала и транспортирала.

– „Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов којашто во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или пак на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани“, потенцираше Мицкоски во интервју за МРТ.

Пред три дена, од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека е оформен предмет и дека веќе се разменуваат информации со српските обвинителски органи.

Целта е откривање на сите инволвирани лица и евентуални организирани структури поврзани со случајот.

Петте тони марихуана беа откриени на 29 јануари во фирма на двајца од осомничените татко и син во селото Коњух кај Крушевац, а косопственикот на Алфафарм, Иван Драгниќ ја транспортирал дрогата преку граница.

Марија Митевска

(Видео) Претреси во фирмата Алфафарм – акција поврзана со петте тони марихуана запленети во Србија

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе