Со извици и парола „Стоп за Усје, болест на народот“, точно напладне започна нов протестен марш поради загадедниот воздух и рабоатата на цементарница Усје. Влада, Собрание и министерство за животна средина беше рутата по која граѓаните се движеа, апелираа и алармираа колку е загаден воздухот во главниот град и како тој влијае врз нивното здравје.
Побараа дислокација на цементарница Усје, а мерењата на загадувањето да ги врши државата, а не самата компанија.
- Дали компанија која е навистина чиста која навистина работи по закон ќе дозволеше ова да прерасне во олку голем обем, ако навистина беше така ќе дозволеше јавно 24-часовно мереше на тоа што го испуштаат оџаците, велат граѓанин.
- Цементарница Усје не е само фабриката, туку и Титан и три ископи над неа распространети низ три катастарски општини, Кисела вода 1, Усје и Ракотинци. Вториот ископ е исцрпен и нема ниту едно засадено дрво, третиот ископ е исто така исцрпен и нема ниту едно засадено дрво, четвртиот ископ исечена е борова шума засадена во 50-тите години, вели граѓанин.
Од Министерството за животна средина апелираат до граѓаните да им веруваат на официјалните мерења. Велат дека мониторингот го врши акредитирана лабораторија и дека се е согласно закон. Како главен виновник за загадениот воздух, повторно го посочија индивидуалното греење.
- Мониторингот е согласно закон, согласно стандардни и светски практики го врши операторот односно тој што го генерира загадувањето и во никој случај тоа не смее да биде облигација на институциите, во тој случај би било дека мерењата можат да се вршат со буџетски пари односно на товар на граѓаните. Тие треба да се верува на резултатите од мерење на загадувањето, рече Беса Татеши министерство за животна средина и просторно планирање.
Од цементарницата Усје ги отфрлаат обвинувањата. Тврдат дека не се загадувачи, дека се под постојан надзор и дека резултатите се јавно достапни Велат дека и кога компанијата не работи, воздухот во градот е загаден. Обвинувањата од граѓаните ги нарекоа неосновани и тенденциозни. Ова е трет протест на граѓанската иницијатива „стоп за Усје“, која порачува дека нема да застане додека, како што велат, „Скопје повторно не почне да дише“.
Симона Петровска
ДОМ предлага дислокација на „Титан Усје“ преку јавно-приватно партнерство и урбана трансформација
Б.С.
