Поминаа 50 дена од објавата на првите скандали, првите бомби од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ниту едена реакција од ниту една институција, велат ид партијата.
- Не допира гласот до Обвинителството за милионските скандали и криминални тендери на власта, нема реакција од ДКСК, нема реакција од Финансиска полиција. Молк.
- Тендери од 9 милиони евра за фирма основана 2024 година, без историја и без релевантно искуство, само со двајца вработени.
Не допира гласот до Обивнителството.
- 2.161 тендер кај семејна фирма на Томовски во вкупна вредност од 5,3 милиони евра.
Не допира гласот до Обвинителството.
- Сомнителен капитал преку Алта банка влегува во Македонија, иако Европската централна банка забранила влез во ЕУ поради сомнежи за потекло на капиталот и можно перење пари. А во Алта банка, цела структура на ВМРО.
Не допира гласот до Обвинителството.
- Откривме скандал и со тендери од 1,2 милиони евра за фирма со тројца вработени. Повторно ист модел: милионски суми, минимален број вработени, истите фаворити.
- Јавно објавивме документи и писмо на свиркачи за тендер од 1,2 милиони евра, доделен на фирма блиска до ЗНАМ во Пошта.
Ниту за овие скандали не допира гласот до Оввинителството.
- Антикорупцискиот тим објави повеќе „бомби“ за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општини под контрола на ВМРО – 51 тендер од општините, 16 милиони евра јавни пари.
- Сопственикот бил член на Избирачки одбор на ВМРО-ДПМНЕ а тендерската мрежа се шири преку семејни и партнерски фирми.
- Дополнително, објавивме и на кој начин целата пирамидална мрежа на фирми води директно до кабинетот на премиерот Мицкоски и Владимир Нелоски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
