Асоцијацијата „Макам-транс“ соопшти дека од вечерва од 20 часот ќе го прекине протестот и блокадата за влез и излез на граничните премини Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Претходно, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека ЕУ ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот на превозниците коишто веќе четири дена ги блокираат граничните премини кон шенген зоната.
„Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме. После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи“, напиша Николоски на Фејсбук.
