Изборниот ден во четирите општини во Западна Македонија поминува мирно, без инциденти но и со мала излезеност на гласачите.
Во општина Гостивар, до 17 часот гласале околу 25 проценти од граѓаните со право на глас; во Општина Врапчиште до 17 часот и 30 минути гласале околу 30 проценти од граѓаните; во општина Маврово и Ростуше 25,93 проценти до 17 часот и 30 минути а до истиот временски период во Центар Жупа на избирачките места излегле околу 12 проценти од граѓаните со право на глас.
Најголем проблем од утрово за општинските избирачки одбори се врнежите од снег на повисоките планински населени места.
Во вестите на Телма во 18.30 минути за текот на изборниот ден известува Ирена Чачкова.
