Во четири општини во Македонија денеска се избираат градоначалници – Гостивар, Маврово-Ростуште, Центар Жупа и Врапчиште.
На неколку часа до затворањето на избирачкиот места во општините каде се одвиваат повторени локални избори заради немањето цензус гласањето се одвива мирно, и без инциденти.
Најголем проблем од утрово за општинските избирачки одбори се врнежите од снег на повисоките планински населени места.
Така е и во Гостиварско, каде што се избира градоначалник.
За атмосферата во градот и текот на изборниот ден известува Ирена Чачкова.
Изборниот ден досега го карактеризира исклучително ниска излезеност на граѓаните.
Од Изборната комисија соопштија дека во Гостивар до 15 часот гласале скоро 15 000 гласачи од регистрираните 82 900, односно околу 17% лицата со право на глас.
