Вести Економија Македонија Најважни

Часовникот отчукува – ќе успее ли државата за еден ден да собере 700 милиони евра во буџетот?

Близу 700 милиони евра недостасуваат во државната каса на само еден ден пред крајот на годинава за да се стокмат планираните приходи за 2025.  Според, бројчаникот на Министерството за финансии собрани се 5, 4 милијарди евра, а треба да бидат околу 6 милијарди евра. Од бројките може да се види дека реализацијата на планираните приходи е нешто над 90 отсто.

Претходно дел од економистите коментираа дека иако оваа влада имала обид да ја зголеми наплатата, сепак не успеала во тоа што е доказ дека има проблеми со функционирањето на системот.

„Како и секоја претходна Влада, особено кога доаѓа на власт има амбициозни планови, но по сè изгледа оваа Влада може би се сопне на првите чекори и покрај тоа што планираше така како што испланира. И покрај напорите да ја зголеми наплатата, гледаме дека бројките не го кажуваат тоа. Тоа зборува, ако мене ме прашувате, за недостаток и системски проблем на функционирање на системот“, изјави во „Вин-Вин“, Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ.

Поради доцнење на одредени давачки, меѓу кои беше и исплатата на „Мој ДДВ“, но и на други социјални трансфери, а информациите од стопанството беа дека се доцни и со поврат на ДДВ, се отвори сомнеж дека нешто се случува со државната каса. Сепак, уверувањата од Владата се дека со буџетот нема проблеми.

Реализацијата, пак, на капиталните расходи во кои влегува изградба на училишта, градинки, пруги и други објекти значајни за граѓаните надминува 60 отсто. Пред крајот на годинава се направи и пренамена на пари од други ставки за да можат да се платат одредени фактури кон оние кои ја завршиле работата. Па, токму поради ваквата пренамена, експертите очекуваа да има зголемување во реализацијата на капиталните инвестиции кои при кроењето на секој буџет се планираат многу високо, но и кога се кратат пари, често тоа се прави токму од оваа ставка.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе