Вести Економија

АД МЕПСО го пушти во пробна работа реконструираниот далековод ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1

АД МЕПСО – Скопје ја известува јавноста дека реконструираниот 110 kV далековод бр. 109 на релација ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1 е успешно пуштен под напон и ставен во пробна работа.

  • Реконструкцијата е извршена на постојната траса на далеководот, при што постојниот 110 kV далековод со армирано-бетонски столбови, изграден пред повеќе од 50 години, е целосно демонтиран и заменет со нов далековод со челично-решеткасти столбови. Новоизградениот далековод има вкупна должина од 33,5 km и е составен од 125 челични столбовим се вели во соопштението на АД МЕПСО.

Според компанијата во рамки на проектот е извршена целосна замена и монтажа на нова проводна и изолациона опрема, вклучително фазни проводници, заштитно јаже, изолатори и придружна опрема, со што е обезбеден зголемен преносен капацитет на далеководот и подобрени електрични и механички карактеристики во однос на претходната состојба. Зголемениот преносен капацитет придонесува за подобрување на сигурноста, стабилноста и оперативната флексибилност на електропреносната мрежа во регионот.

Проектот е реализиран во рамки на Lot 1 – „Реконструкција на 110 kV далековод ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1“, финансиран преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Градежните, електромонтажните и електроенергетските работи се изведуваа во периодот од 2023 до 2025 година. Изведувач на работите беше конзорциумот предводен од JV CA Dalekovod – Загреб, кој ги реализираше активностите согласно договорните услови и важечките технички стандарди. По завршувањето на работите беа спроведени сите предвидени технички испитувања и проверки, по што далеководот е пуштен под напон и ставен во пробна работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе