Вести Економија

ДЗС: Објавени се податоците за нерамномерна распределба на приходите

Државниот завод за статистика денеска реагира на вчерашната изјава на професорот Ванчо Узунов за Телма дека Државниот завод за статистика не објавува податоци за нерамномерна распределба на приходите во рамките на соопштението за лаекенските индикатори за сиромаштијата.

Според ДЗС тоа е неточно бидејќи во рамките на соопштението за 2024 година, како и за претходните години, покрај индикаторите за сиромаштијата, објавени се и индикаторите за нерамномерната распределба на приходите.

Според ДЗС нејасно е дали господин Узунов, како советник во владата во 2022 година, реагирал што Државниот завод за статистика во тој период не објавувал и не доставувал до Евростат индикатори за сиромаштијата и за нерамномерната распределба на приходите.

Инаку во периодот од септември 2024 година до денес, Државниот завод за статистика ги објави и ги достави до евростат лаекенските индикатори за сиромаштијата од 2021 до 2024 година.

Станува збор за коефициентот на џини, кој во 2024 година за Македонија е 29.1 % и бележи годишен пад од 1.2 процентни поени.

Коефициентот на џини за Европската унија – просек за 27-те земји членки, е 29.4 %, а на ниво на еврозоната – просек за 20 земји, овој коефициент е 29.9 %. За земјите од регионот, коефициентот на џини во 2024 година изнесува: за Хрватска – 29.8 %, за Србија – 31.9 %, за Бугарија – 38.4 %, за Грција – 31.8 % и за Романија – 28 %.

ДЗС: Секој пети граѓанин во Македонија во 2024 година живеел во сиромаштија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе