Вести Македонија

Министерството за образование ги убедило студентските претставници дека за 7,3 милиони евра скратениот буџет е проектиран врз реалните потреби на студентите

Универзитетското студентско собрание на УКИМ инцирало средба со Министерството за образование и наука загрижени поради информацијата која ја дознале од медиумите за намалување на буџет за студентски стандард од 7,3 милиони во предлог буџетот на Владата за 2026 година.

„На состанокот бевме известени дека предлог буџетот е проектиран врз основа на реалните потреби на студентите и воопшто нема да се попречи остварувањето на правата кои им се на располагање преку Министерството за образование и наука како добивање стипендии, субвенциониран студентски оброк, партиципација за сместување во студентски домови и слично. Дел од средствата се преструктуирани и наменети за капитални инвестиции кои исто така ќе значат унапредување на студентскиот стандард – завршување на реконструкциите на студентските домови „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“, отпочнување на реконструкција и на другите студентски домови, продолжување на изградбата на новите објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)“, стои во соопштението на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. 

Од студентската организација велат дека внимателно ќе ја следат реализацијата на буџетот следната година и веруваат „дека институциите ќе бидат доследни на ветувањата и ќе продолжиме партнерски да го развиваме високото образование и студентскиот стандард“. 

Од Студентското Собрание на УКИМ не соопштуваат дали при подготвувањето на буџетот за студентски стандард учествувале со свои препораки, бидејќи наведуваат дека се „загрижиле поради новинарските написи“.

Од Форумот за образовни промени претходно објавија дека бараат одговори од Министерството за образование и наука во кои ставки е намален буџетот за студентски стандард, а дополнително изразија сомнеж дека тоа е поврзано со ваучерите за електронски уреди.

Теа Димковска

За 7,3 милиони евра е намален буџетот за Студентски стандард – од ФОП стравуваат дека е поврзано со парите за ваучерите

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе