Вести Македонија Топ вести

Регулацијата на авторските права во Македонија неколку години тапка во место и покрај тоа што постои закон алармираат експертите

Авторските права на сценаристите, режисерите и кинематограферите е фокусот на дводневната меѓународна конференција во организација на Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права. Според познавачите станува збор за закон кој не е само правна рамка, затоа што во овој случај не трпи само македонската култура, туку и економијата воопшто.

Регулацијата на авторските права во Македонија неколку години тапка во место и покрај тоа што постои закон, вели првиот човек на Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права. Во процесот на евроинтеграција е особено важно да се надмине ваквиот проблем и токму затоа во фокус на дводневната конференција се авторските права на сценаристите, режисерите и кинематограферите на земјите од Централна и Источна Европа. Во моментов целата процедура чека на одобрување на тарифникот кој го предложи АЗАС.

„Да, тарифата е документ по кој што самата асоцијација може да почне да функционира, да дистрибуира и да колектира средства кон авторите. Би сакал да напоменам деја станува збор за тарифа која ја тангира интернационалната јавност, не е само македонската фела инволвирана“, изјави Кирил Ѓозев, генерален секретар на АЗАС.

„Вака не може да продолжи понатаму, затоа тука сме со експерти од регионот, од различни европски земји, исто така од Шпанија, Франција, од балтичките земји да им објасниме на луѓето тука како функционира структурата на авторските права, да научиме едни од други и да ги повикаме македонските власти да го решат овој проблем“, изјави Сесил Деспрингр, генерален секретар на SAA.

Според Ѓозев станува збор за закон кој не е само правна рамка, затоа што во овој случај не трпи само македонската култура, туку и економијата воопшто. Затоа е важно да се слушнат искуствата на експертите кои доаѓаат од различни земји и кои веќе го имаат решено ова прашање затоа што државата тоа нема ништо да ја чини, во исто време пак ќе има јасни правила на игра според кои соодветно ќе биде вреднуван креативниот потенцијал на авторите.

Нина Стефанова

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жители на Тир: Примирје не се почитува, нападите продолжуваат

Дејан Дејан

Тајани ја откажа планираната посета на САД

Дејан Дејан

Трамп со оптимизам за војната во Украина, Зеленски со ултиматум до Лукашенко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе