Вести Свет

Мировниците на ООН во Либан го обвинија Израел дека отворил оган врз нив

Привремените сили на Обединети нации во Либан (УНФИЛ) денеска соопштија дека израелската армија отворила оган врз припадниците на УНИФИЛ во јужниот дел на земјата.

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека не се работело за намерен напад и оти поради лошите временски услови биле помешани војниците на ИН со осомничени лица. ИДФ најави и истрага за инцидентот.

Таквите напади претставуваат сериозно кршење на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, наведе УНИФИЛ повикувајќи се на Резолуцијата со која заврши војната помеѓу Израел и Хезболах во 2006 година и која е основа за ноемврискиот прекин на огнот.

Според Резолуцијата 1701, само либанската армија и мировните сили на ОН можат да се распоредат во јужен Либан, во близина на израелската граница.

И покрај договорот за прекин на огнот, ИДФ и понатаму зазема пет позиции во јужен Либан и напаѓа цели на либанска територија, тврдејќи дека нападите се насочени кон Хезболах.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе