Вести Македонија

Отповикана расправа за предметот „Затвор-Скопје“

Основниот кривичен суд Скопје извести дека главната расправа за предметот, поврзан со постапката против вработени во КПУ Затвор Скопје, закажана за денеска, се откажува. Од Јавното обвинителство информираат дека надлежниот обвинител не може да присуствува на судењето поради здравствени причини. Во текот на денешниот ден, судот ќе ги усогласи новите термини за продолжување на расправата во координација со странките во постапката. Сите нови датуми ќе бидат објавени на веб-страницата на судот во делот „Календар за судење“, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкција: Правда за земјоделие или за МВР?

Дејан Дејан

„Пулс“ почнал со работа, иако во континуитет не исполнувал услови, кажа обвинителката на денешното рочиште кое на моменти беше тензично

Sasko Dimovski

Финансов директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп за фиктивни услуги исплатил повеќе од 23 000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе