Вести Македонија

Македонскиот јазик – извор на научни истражувања

Големиот интерес и присуството на домашни и странски учесници на годинашната меѓународна научна конференција во рамките на Отворените денови на Институтот за македонски јазик се само уште една потврда за афирмација на македонскиот јазик во рамки на светското семејство јазици, смета професор Тантуровска.

„Секоја година имаме учесници не само од Македонија, туку и од странство кои го истражуваат македонскиот јазик, а кога нашите колеги го истражуваат македонскиот јазик без разлика дали станува збор само за македонскиот јазик или во споредба со другите јазици од тоа има ли поголема афирмација за македонскиот јазик. Нашите колеги македонисти, слависти, лингвисти секогаш кога го истражуваат македонскиот јазик никогаш не се запрашале дали воопшто постои, односно тие со нивните трудови покажуваат дека македонскиот јазик постои“, изјава проф. д-р Лидија Тантуровска, претседателка на Меѓународниот организациски одбор.

Во време кога националниот идентитет на Македонците бил оспоруван од соседните пропаганди и држави, Мисирков ја формулираше првата систематски и научно аргументирана програма за афирмација на македонската национална и јазична посебност, забележа Грујовска Маџоска. „За македонцките работи“ е едно од најзначајните дела во историјата на македонската културна и национална мисла, забележа во своето излагање професор Груевска Маџоска .

„Иако во традиционалната историографија книгата најчесто се третира како политички манифест, од социолингвистичка перспектива таа претставува исклучително важен документ за врската меѓу јазикот и идентитетот, за улогата на јазикот во националната мобилизација и за процесите на јазично планирање. Мисирков е меѓу првите балкански интелектуалци што јасно формулира дека јазикот е еден од главните критериуми за националната припадност во услови кога македонското население било изложено на повеќекратни пропаганди, неговиот став дека македонскиот народ треба да има свој јазик е радикално современ“, рече проф. д-р Симона Груевска-Маџоска, претседателка на Совет за македонски јазик.

Во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик се одбележуваат повеќе значајни јубилеи и промоција на најновите изданија на Институтот.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе