Вести Македонија

Смртен исход при лов во село Габревци – кривична пријава за „убиство од небрежност“

Радовишката полиција поднесе кривична пријава против 40-годишен маж од село Габревци, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство од небрежност“, откако вчера во текот на лов смртно го погодил 46-годишен маж од селото Ракитец.

Според информациите од СВР Струмица, трагедијата се случила во атарот на селото Габревци, каде 12-мина мажи биле на лов на дивеч без да поседуваат дневни дозволи. Во еден момент, сега осомничениот испукал истрел од ловечка пушка кој, поради невнимание, завршил во телото на починатиот ловџија. Куршумот го погодил во пределот на стомакот и раката.

„Повредениот бил веднаш пренесен кон Итната медицинска помош во Радовиш, но на местото „Дедински Чаири“, атар на село Дедино, лекар од службата констатирал смрт. Увид на местото извршил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа на ОВР Радовиш, а телото на починатиот е предадено на обдукција“, информираат од СВР Струмица.

Полицијата лишила од слобода 11 лица од селата Габревци, Ракитец, Долни Липовиќ и Дедино, Општина Конче. При претреси биле одземени ловечки пушки и муниција, вклучително и оружје пронајдено во домот на осомничениот.

Тој и уште двајца се задржани во Полициската станица Радовиш. Против ловџијата што го застрелал сограѓанинот ќе биде поднесена кривична пријава за „убиство од небрежност“, а по целосно документирање на случајот, против сите инволвирани ќе следат пријави за „незаконит лов“ по член 228 од Кривичниот закон. Против еден од членовите на групата ќе биде поднесена и дополнителна пријава за „неовластено држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкција: Правда за земјоделие или за МВР?

Дејан Дејан

„Пулс“ почнал со работа, иако во континуитет не исполнувал услови, кажа обвинителката на денешното рочиште кое на моменти беше тензично

Sasko Dimovski

Финансов директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп за фиктивни услуги исплатил повеќе од 23 000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе