Одреден е притвор од 30 дена за четворица осомничени во случајот со давање и примање мито на актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.
- Судија на претходна постапка, по произнесување на 5 те осомничени, кои попладнево бе спроводени во судот, донесе решенија со кои за: Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. го прифати предлогот и на сите четворица им определи мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите од точките 1,2 и 3 односно Опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото, се вели во соопштението од судот.
За петтосомничена одреден е куќен притвор.
- За Ј.К. судот го прифати променетиот предлог на Јавниот обвинител за определување мерка куќен притвор, се вели во соопштението од судот.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција откри дека имале тројца посредници, меѓу кои и вработени во министерството за земјоделство.
Поткупот бил за фирма, која не исполнува услови да земе пари од ИПАРД фондовите.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
