Вести Македонија Најважни

На Стоилев му ветувале 50 илјади евра, а полицијата го фатила со првите 400 евра кој му ги дал поранешен министер

Актуелен директор на агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството земал мито, а парите му ги дал поранешен министер за правда и локална самоуправа уште во владата на Љупчо Георгиевски a а сега управител на фирма. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција откри дека имале тројца посредници меѓу кои и вработени во министерството за земјоделство и УЈП. Поткупот бил за фирма која не исполнува услови да земе пари од ИПАРД.

Му ветувале 50 илјади евра, а полицијата го фатила со првите 400 дадени на рака на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Илија Стоилев.

Ова се деталите кои ги откриваат обвинителството и полицијата за вчерашната акција во која се уапсени петмина. Истрагата утврдила дека на актуелниот директор митото му го нудел, ветувал, а првите 400 евра и му ги дал поранешниот министер за правда и локална самоуправа во владата на Љупчо Горѓиевски, Џевдет Насуфи. Поткупот требало да биде за пари од ИПАРД програмата да добие фирмата каде Насуфи е управител, иако не ги исполнувала условите кои се барале во огласот распишан од агенцијата.

Инаку според истрагата уапсени се петмина, меѓу кои вработен даночен референт во УЈП и државен службеник во Министерството за земјоделство. Првообвинет е ексминистерот Насуфи за давање поткуп и давање награда за противзаконито влијание.

Во централниот регистар тој се јавува како управител во фирмата СИГНАС-АГРО во Струшко Велешта. Директорот на агенцијата пак Стоилев е осомничен за примање поткуп. Тој е претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Свети Николе а пред да стане директор на агенцијата бил советник во подрачната единица на министерството за земјоделство.

Премиерот Христијан Мицкоски ваквото однесување на директорот го оцени како девијантно. Останатите тројца примање награда за противзаконито влијание. За сите обвинителството предложи притвор.

Билјана Николовска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе