Вести Свет

На бизнисите во САД им недостигаат пари – Трамп го укина пенито

Бизнисите во Америка остануваат без пари откако во САД веќе не се коваат моенети од еден цент и се дотрошуваат оние кои се останати во опсег, објавува Би – Би – Си.

Многу продавници сега ја заокружуваат својата продажба во готово на околу пет центи, велејќи дека немаат конкретни  упатства за тоа како да се продолжи.

  • „Тоа се собираат навистина брзо“, рече Дилан Џон, виш директор за владини односи со Националната федерација за малопродажба.

Во февруари оваа година американскиот председател претседателот Доналд Трамп изјави дека производството на монетата е распространето и премногу скапо.

Ковачницата на пари на САД официјално престана да произведува пени во месец мај оваа година. Министерството за финансии процени дека недостигот ќе започне кон почетокот на 2026 година, но всушност дојде многу порано. Банките не можат да добијат пени од федералната влада, па поради тоа бизнисите не можат да ги добијат од банките.
– „Првпат слушнавме за проблемот кон крајот на август, почетокот на септември“ , рече Дилан Џон.

Сега продавачите во продавниците не знаат што да прават кога касите им се празни.

Сега за сега привременото решение за овој проблем е заокружување на продажната цена нагоре или надолу на најблиските пет центи.

Сепак некои од градовите во САД,  вклучувајќи го и Њујорк, бараат од трговците на мало да даваат точен кусур, а други не дозволуваат плаќањата во готово да се разликуваат од плаќањата со картички.

Многу продавници сега ги поттикнуваат клиентите да плаќаат со точен износ. Други организираат промоции за клиентите да внесат дополнителни парички што ги имаат дома. 

Ова не е прв пат да биде прекинато производството на американските монети, во 19 век монетите од половина цент, три центи и 20 центи кои биле повлечени од употреба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе