Вести Македонија

МВР со дронови ќе ги следи изборите

Министерството за внатрешни работи соопшти дека и за вториот круг од локалните избори ќе користи дронови за воздушна контрола, со цел побрза реакција и навремено преземање мерки во случај на евентуални инциденти. Според МВР, во согласност со направените проценки и воспоставените планови, полицијата ќе биде присутна во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки, со што ќе се обезбеди зголемена ефикасност и контрола на јавниот ред и мир. Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана преку мобилни тимови, стандардна опрема и современа технологија, меѓу кои и дронови за следење на ситуацијата од воздух. Од Министерството упатија апел до сите граѓани и политички партии да придонесат за мирна и демократска изборна атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од какви било активности што би можеле да го нарушат изборниот процес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе