Вести Најважни Свет

Годишнина од трагедијата на железничката станица во Нови Сад која однесе 16 човечки животи – Ден на жалост во Србија

Голем комеморативен собир е најавен за денеска во Нови Сад додека во Србија е прогласен Ден на жалост по повод годишнината од уривање на натстрешницата на железничката станица, пришто животот го загубија 16 лица. Студентите ќе се собираат на 16 локации во главниот град на Војводина од кои, како што најавија, ќе тргнат кон место на несреќата. Повикаа на масовност и учество без свирчиња и други обележја и да ја почитуваат тишината.

Српската православна црква ќе одржи парастос за настраданите во Соборниот храм во Нови Сад и во црквата „Свети Сава“ во Белград, каде ќе присуствуваат претседателот Александар Вучиќ, премиерот Ѓуро Мацут, претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, како и голем бројна граѓани.

Точно во 11:52 часот на денешен ден (1 ноември) пред една година се урна бетонската натстрешница на реконструираната железничка станица во Нови Сад која однесе 16 човечки животи – Васко Саздовски (1979 година), Сара Фириќ (2018 година), Валентина Фириќ (2014 година), Ѓорѓе Фириќ (1971 година), Милица Адамовиќ (2008 година), Немања Комар (2007 година), Анѓела Руман (2004 година), Милош Милосављевиќ (2003 година), Стефан Хрка (1997 година), Сања Ќириќ Арбутина (1989 година), Горанка Раца (1966 година), Вукашин Раковиќ (1955 година), Милева Карановиќ (1948 година), Ѓуро Швоња (1947 година), Ања Радоњиќ (2000 година) и Вукашин Црнчевиќ (2006 година). Теодора Мартинко, која беше тешко повредена, и натаму се лекува во Клиничкиот центар Војводина.

Вишото јавно обвинителство кон средината на септември повторно подигна обвиненние против 13 лица поради падот на натстрешницата во Нови Сад и предложи притвор за сите. На товар им се става кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“, меѓу обвинетите и поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ. Во Белград се водат уште две постапки од кои една за сомнежи за корупција. Оставки по трагедијата, под притисок на јавноста, поднесоа тогашниот премиер Милош Вучевиќ, министерот за градежништво Горан Весиќ, потоа Томислав Момировиќ кој во периодот на реконструкција на железничката станица го водеше ресорот, градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, в.д. директорката на Инфраструктура на Железници на Србија, Јелена Танасковиќ, итн.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе