Вести Свет Топ вести

Железничкиот сообраќај во Србија во прекин, се огласи „Србијавоз“: Добивме дојава за бомби – илјадници студенти кон Нови Сад на годишнина од падот на натстрешницата на железничката станица

Претпладнево се укинати патничките возови до Нови Сад и нема да сообраќаат во текот на денот и утре (1 ноември), јавува Н1 Србија. Не функционира ниту онлајн опцијата за купување на билети.

Според неофицијалните сознанија на телевизијата, Железници на Србија во текот на денот изненадувачки ја прекинале продажбата на билети, а машиновозачите се известени на станиците на кои се затекнале дека нема да возат. Се огласи компанијата „Србијавоз“ која соопшти дека железничкиот сообраќај е привремено запрен поради анонимна дојава за поставени експлозивни направи.

Опозициските медиуми, пак, потсетуваат дека српските власти и за време на претходни протести го опструирале железничкиот превоз во делови од земјата поради наводни дојави за бомби кои никогаш не биле потврдени.

Тие додаваат дека илјадници студенти во текот на денот пристигнуваат во Нови Сад, каде утре ќе се одржи голем комеморативен собир по повод одбележување на годишнина од падот на натстрешницата на железничката станица во главниот град на Војводина и смртта на 16 луѓе. Меѓу нив и 45-годишниот Васко Саздовски од Свети Николе кој работел на институтот „Биосенс“ во Нови Сад.

Несреќата предизвика бран на студентско и граѓанско незадоволство од власта која ниту една година подоцна ги нема казнето одговорните.

Под притисок на јавноста, оставка на функцијата поднесе премиерот Милош Вучевиќ, градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, министерот за градежништво, Горан Весиќ, министерот за инфраструктура и енергетика, Томислав Момировиќ и в.д. директорката на Инфраструктура на Железници на Србија, Јелена Танасковиќ.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

Дејан Дејан

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Дејан Дејан

79 годишен возач удри и оштети шест паркирани возила во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе