Вести Македонија Топ вести

Со сослушување сведоци продолжува судењето за „Онкологија 2“

Со сослушување на сведоци денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Славица Наумова Јосифовска, а застапник  на обвинението е Ана Гоговска Јакимовска.

Обвинетите Васев и Нухи на почетокот негираа вина за делата кои им се ставаат на товар. Одбраната, тврди дека обвинението против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани, наведувајќи дека станува збор за претходниот медицински и економски директор на Клиниката кои биле сменети од Васев.

Кривичниот суд во јуни, годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Покрај ова, против Васев и уштре двајца лекари онколози се води уште еден случај Онкологија 1 за несовесно лекување пациенти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе