Вести Свет

Сириските ученици се враќаат во уништените училишта

Во јужниот дел на Идлиб, каде што до неодамна се водеше жесток фронт во граѓанската војна, раселените жители полека се враќаат во своите села. Враќањето на децата во училиштата е клучен дел од процесот на обновување, но стотици училишни згради остануваат уништени или ограбени. Милиони сириски деца сè уште не посетуваат настава, а многу од оние кои се вратија во училиште учат во простории без прозорци, врати и клупи. Претставничката на УНИЦЕФ во Сирија, Меричел Релањо Арана, изјави дека повеќе од четири милиони деца се запишани во училиште, но околу три милиони остануваат без пристап до образование. УНИЦЕФ работи на обновување на уништените училишта, поставување привремени училници и обука на наставници, а посебно внимание се посветува на психолошката поддршка за децата кои поминале низ трауми од војната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе