Проблемот со снабдувањето со електрична енергија на Прилеп и околината полека се стабилизира. Жители на градот за Телма информираат дека добиле електрична енергија кратко по полноќ. Проблемот со електроснабдувањето настана вчера околу 18:00 часот кога Прилеп и околните населени места останаа во мрак предизвикан дефект 110киловолтен далекувод на потегот Прилеп – Кавадарци настанат поради кинење на проводник. Отстранувањето на дефеткот се одвива во тешки услови со оглед дека далекуводот, како што информираа од МЕПСО, се наоѓал на тешко – пристапен терен. Од таму додаваат дека нивните екипи веднаш излегле на терен за да реагираат со цел отстранување на дефектот. Од компанијата синоќа информираа дека првично овозможено е снабдување со електрична енергија во централното градско подрачје и објектите од критична инфраструктура, како што се болницата, полицијата и другите јавни служби. Додаваат дека нормализацијата на снабдувањето се очекува во најскоро време, иако процесот е отежнат поради тековната реконструкција на далекуводот Прилеп–Битола.
Проблемот со снабдувањето со електрична енергија на Прилеп и околината е саниран
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
