Вести Свет Топ вести

Единаесет доживотни затворски казни за пожарот во скијачки центар во Турција во кој загинаа 78 лица – пресудите дочекани со аплаузи

Осум доживотни затворски казни се изречени денеска во случајот со смртоносниот пожар во јануари во луксузен хотел на турски скијачки, во кој загинаа 78 лица, јави турската приватна телевизија НТВ. Триесет и четири од жртвите биле малолетни деца кои во хотелот го поминувале зимскиот распуст со своите родители. Вкупно 137 лица беа повредени во трагедијата.

Меѓу 11-те осудени на доживотен затвор со строг режим се сопственикот на хотелот, Халит Ергјул, неговата сопруга Емине Ергјул и нивните ќерки Елиф Араз и Џејда Хаџибекироглу кои биле дел од раководниот состав на хотелот. Главниот менаџер Емир Арас и управителот Зеки Јилмаз. Заменик-градоначалникот на Болу, Седат Ѓуленер, и директорот на друг хотел, Ахмет Демир. Финансискиот директор Кадир Јоздемир, заменик-началникот на противпожарната служба Кенан Џошкун и пожарникарот Ирфан Аџар.

Сите 11 осудени лица добија и дополнителни 44 затворски казни од по 24 години и 11 месеци за смртта на преостанатите жртви, без право на намалување на казните, објави „Туркије Тудеј“.

Вкупно 32 лица беа обвинети во случајот, од кои 20 беа судени во притвор.

Обвинителството ги товареше сопствениците, менаџерите на хотелот и општинските службеници за сериозни безбедносни прекршувања и небрежност, обвинувајќи дел од нив за „убиство со веројатна намера“, а други за „предизвикување смрт и повреди преку свесна небрежност“.

Судењето се водеше против вкупно 32 обвинети, од кои 20 беа во притвор, а поради големиот обем, судската седница се одржа во специјално адаптирана сала во локално училиште во провинцијата Болу, со засилени безбедносни мерки.

Пожарот, еден од најсмртоносните во поновата турска историја, избувна на 21 јануари во кујната на 12-катниот хотел и се проширил поради дрвената фасада, покажуваат првичните наоди. Трагедијата предизвика гнев во јавноста поради неадекватноста на безбедносните мерки. Според медиумските написи, истрагите утврдиле бројни нерегуларности кои можеле да бидат отстранети, а со тоа да се избегне големиот број жртви.

Објавувањето на пресудите беше дочекано со аплауз во судницата. Сепак, критичарите сметаат дека во судскиот процес од одговорност биле исклучени функционери од Владата и од Министерството за туризам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе