Соединетите Американски Држави го откажаа планираниот Самит во Будимпешта на претседателот Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин по „цврстите ставови на Москва во врска со Украина“, објави „Фајненшл тајмс“.
Одлкуката, како што се наведува, била донесена по тензичниот телефонски разговор меѓу највисоки дипломати на САД и Русија.
Минатата недела Трамп порача дека ќе се сретне со Путин, само ако рускиот претседател се согласи на мировен договор за Украина.
„Мора да бидеме уверени дека ќе постигнеме договор. Нема да губам време. Од секогаш сум имал одличен однос со Владимир Путин“, нагласи Трамп.
Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит претходно изјави дека состанокот на двајцата претседатели не е целосно исклучен додека специјалниот пратеник на Путин, Кирил Дмитриев оцени дека „средбата ќе се одржи подоцна од планираното“.
