Вести Свет

Фиксен плафон од 7.500 луѓе – Трамп ја намали бројката за прием на азиланти во САД за 2026 година

Американскиот претседател Доналд Трамп постави лимит од 7.500 луѓе што ќе бидат примени да аплицираат за азил во САД за фискалната 2026 година. Ова е најмалата бројка во историјата, откако се води статистика за овој показател. Фиксниот плафон поставен од Трамп може да се види во документ објавен денеска од Белата куќа.

Досега САД на своја територија примаа стотици илјади луѓе од сите краишта на светот, кои бегаа од војни и политички прогон.

На страницата на Федералниот регистар, каде што е објавен документот, не се споменува причина за наглото намалување на бројката. Минатата година, за време на претседателскиот мандат на Џо Бајден, таа беше 125.000.

Во меморандумот се вели само дека приемот на најмногу 7.500 бегалци за фискалната 2026 година „се заснова на хуманитарни причини, а и инаку е во национален интерес“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе